Теренски работни активности на Сектор за водовод и канализација од 11 до 16 ноември 2024 година
Вработени во KЈП „Водовод“ Кочани од Сектор водовод и канализација и Сектор комунална хигиена помогнати од ТППЕ Кочани изминатата седмица работат на санација на дефект на канализациона цевка ф250 кај бензинската станица “Лукоил” на излезот од Кочани.
Поради несоодветно и неодговорно користење на одводите за канализација и депонирање на секаков вид на отпад во нив од страна на несовесни граѓани (градежен шут, комунален отпад и сл) е предизвикано посериозно оштетување на канализационата мрежа.
КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до сите граѓани за одговорно однесување кон канализационите системи !!!
Вработени во KЈП „Водовод“ Кочани од Сектор водовод и канализација изминатата седмица работеа на санација на дефекти на водоводна мрежа на улица “1-ви мај”, улица “Роза Петрова”, улица “Страшо Ербапче” и тн..
КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до сите корисници за одговорно однесување кон водоводната мрежа!!!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа