СДСМ падна од власт со историски катастрофален резултат на парламентарните избори во 2024 година помеѓу другото и поради сите анти-македонски политики кои ги практикуваа во сите пори на нивното владеење. И додека го менуваа името на Република Македонија против волјата на мнозинството граѓани како круна на нивното анти-македонско владеење, рака под рака со нивниот коалициски партнер ДУИ го ограбуваа државниот буџет на најбрутален начин.Не оставија камен врз камен во јавниот сектор како во централната власт, така и на локално ниво!
“Цехот” од владеењето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски со константата наречена ДУИ ги мобилизира сите прогресивни Македонски политички сили и граѓански капацитет во 2024 година кои многу јасно и гласно им го покажаа местото на политичката сцена во Македонија во заслужена длабока опозиција.
Но СДСМ не би бил СДСМ доколку од ваквата “лекција” извлечеа поука и започнеа нова партиска политика со која ќе бидат реален застапник на волјата на граѓаните и нивните национални интереси.
Неместо пројавување барем на ронка национален капацитет за државотворност, СДСМ предводена од Венко Филпче продолжија да го туркаат сидрото на Заев по калливото дно околу нивниот потонат брод. Филипче во “филмот” на Зоран Заев продолжува да ветува европска иднина само и доколку Македонија ги внесе Бугарите во Уставот.
Во денешни услови се наметнува сушинското прашање зошто и после сите казни од народот Филипче повторно посегнува по таа анти-македонска политика за уривање на Македонските национални обележја но пред се национална гордост и идентитет, застапувајки ја тезата дека доколку влезат бугарите во Македонскиот устав, Македонија ќе добие бенефити во форма на пари, благосостојба и “светла” европска перспектива. Притоа крајно манипулативно не дообјаснува дека внесот на бугари во устав не гарантира ама баш никаква европска иднина, впрочем како што во многу наврати беше кажано од страна на бугарски, француски и останати европски центри на моќ.
Така сега врвот на копјетпо со кое сака да нанесе уште еден убод на Македонското национално ткиво е потопено со отровот наречен “бугари во устав” а од двете страни на сечилото на тоа копје Филипче ги реди токму општествените аномалии кои што токму неговата СДСМ ги создаде додека беше на власт цели 7 години.
Така од штабот на бихаќка немаат ни грам грижа на совест кога зборуваат за инфлација заборавајки дека токму во нивното време на владеење таа инфлација достигна над 20%. Па на тоа редат тема енергетика заборавајки дека токму владата на СДСМ и нивните градоначалници воведуваа рестрикции на јавната потрошувачка на електрична енергија, како да сме среден век. Овие и редица други катаклизмични ситуации кои ги предизвикаа со нивната неспособност и криминални умови се обидуваат преку нивната неинвентивна пропаганда да ги залепат на ВМРО-ДПМНЕ и актуелната влада, без притоа да им текне дека овој народ сепак има достоинство и уште повеќе колективна свест и паметење за да ваквите обиди на СДСМ, Венко Филипче и неколкумина околу него ги окарактеризираат како штетни и ирелевантни во јавниот дискурс на политичката сцена во Македонија.
Штетата која што СДСМ ја направи на оваа држава и народ, долго ќе се памети и се додека вистинските родољуби во СДСМ не изнајдат сила да ја корегираат ваквата анти-македонска политика на нивната партија, оваа партија ќе продолжи да тоне во својата агонија и кал.
Доста Македонија и Македонскиот народ слепо се фаќаа за стапот кој што некој друг им го дал на челниците на СДСМ за да нанесуваат болка врз плеќите на овој питом и кроток народ. А додека тоа го праават дебело се нафатираат.
Македонија има своја гордосст и достоинство кои се и тоа како вредни иако овие од СДСМ кажуваат нешто сосема друго- што ги рефлектира нивните политики на коленичење и свиткани кичми.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст
Средба Николоски -Агелер: Македонија и САД се стратешки партнери кои ќе продолжат да работат на јакнење на економските врски и спроведување на суштинските реформи