БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Проектот „Паметно мерење и управување на енергијата во системот за јавно осветлување“ на Општина Кочани избран за победнички проект

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По објавениот повик насловен како „Спроведување на мали проекти во областа на енергетиката, климатската заштита и транспортот за општини и градови од РС Македонија“,  приложениот предлог проект од страна на Општина Кочани „Паметно мерење и управување на енергијата во системот за јавно осветлување“ е избран како еден од победничките проекти кој ќе добие финансиска и техничка поддршка од проектот ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници во Западен Балкан и Турција финансиран од Европската Унија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој.

Проектот „Паметно мерење и управување на енергијата  во системот за јавно осветлување“ е чекор напред кон модернизацијата и управувањето со енергијата во системот за јавно осветлување. Целта на проектот е да се воспостави модерен и паметен систем за мерење и управуање со јавното осветлување во Општина Кочани, што би довело до заштеда и поефикасно искористување на електричната енергија за јавно осветлување на територија на Oпштина Кочани.

Со овој проект се планира да се надградат постојните улични кабинети преку кои се вклучуваат група на светилки со паметна и енергетска опрема, со што ќе се постигне значително подобрување на работењето и управувањето на уличното осветлување.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace