БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Проф. Виолета Ачкоска: Време е за обединување на сите сили за одбрана на националното достоинство

Пренеси го гласот

Не залудно Џорџ Орвел запишал дека тој кој ќе овладее со минатото, тој ќе владее и со сегашноста и со иднината. За жал тоа воопшто не и беше, ниту и е јасно на една антинационална власт во Република Македонија.

По погубните “добрососедски” договори во кои беше променето името на државата и идентитетот на Македонците, се одвива последниот чин на корнење на македонското право на државотворност низ срамниот пазар за наводната “заедничка историја” на една комисија која е жална креатура на актуелната власт. Ова кое сега се случува со пазарот за историјата не е веќе прашање на науката, на историчари или филолози, на писатели или музичари, туку прашање за одбрана на Македонија. Прашање на борба против тоталното национално предавство во Северната дивоградба, во која мнозински народ се замолчени, понижени и репресирани Македонци! Поделени смислено, систематски, по сите основи со повеќегодишна гебелсова пропаганда, станавме лесен плен на заграбувачите кои имаат територијални претензии и нивните ментори кои сакаат дефинитивно да го затворат македонското прашање преку духовно убиство на Македонците.

Додека се занимаваме самите со себе, стануваме чардак ни на небо ни на земја, осиромашени и ограбени.

И гандиевските методи и латиноамериканската герила и сите други начини на борба бараат храбри патриоти, конзистентност и осмисленост. Но, за жал тука не гледам ни единство ни желба да се обединат сите искрени Македонци за организиран отпор против губењето на идентитетот и националното достоинство. Деструкцијата, суетата, сервилноста кон надворешните фактори се уште се посилни од националниот интерес. Го губиме она за кое гинеле генерации силни Македонци, а на своите потомци им оставаме обезличеност и бездомност. Им оставаме да бидат понижени и асимилирани или повторно да леат крв за слобода и држава.

Време е за обединување на сите сили за одбрана на националното достоинство. Опозиционите лидери имаат најголема одговорност, бидејќи се покажа дека бевме малубројни кога сакавме да го спречиме целото ова зло без организирана партиска структура која честопати гледа што кажува лидерот, а не гледа дека истече времето за чекање.

А, на оние кутри неуки “историчари” кои треба да ни кројат Нова историја, сигурно ќе им биде обезбедено место во Националниот музеј на Бугарија како херои, како што Коте од Руља го краси Музејот во Солун.

СМРТ НА ФАШИЗМОТ СЛОБОДА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

Креирано од:


Пренеси го гласот