Дипломирана професорка од Кочани, во текот на изминатите два дена беше цел на вербални дискредитации и омаловажувања од страна на директори на основни училишта во Кочани
Оваа голгота на професорката која, истовремено е и познат активист за заштита на животната средина во Кочани започна по објавување на пораката на директорот на ООУ “Раде Кратовче” – Кочани во локални интернет портали во Кочани.
…. Истата таа Ана Симонова, поборник за чист воздух и хуманитарец организира протести против загаден воздух додека е на боледување и иронијата да биде поголема оди на официјална средба на 08.11.2019 г. со градоначалникот и бара поддршка од него, чудна некоја волонтерка за на работа болна а за на улица здрава. Поради ова од моја страна и беше укажано дека го злоупотребува боловањето и треба да размисле како се однесува.
Ана Симонова, бивша Чаршавска, без тронка одговорност и свест пишуваш по социалните мрежи лаги и невистини со намера да ми извршеш некаков си притисок со што сакаш да се сокрие твоето неработење и крајно непрофесионално однесување.
АНА СИМОНОВА ЦЕЛИОТ ТВОЈ ЖИВОТ Е ЕДНА ГОЛЕМА ЛАГА.
Пишува директорот.
По ваквата јавно упатена прозивка во јавноста се одзва и именуваната професорка:
“Јас и поедини колеги откако е дојден, сме мета на вознемирување во неговата канцеларија. Поточно, по неуспешната работилница закажана помеѓу здружението и училиштето, пред два дена, тој закажа наставнички совет кој беше одржан денес. На тој совет јавно бев прозивана за нашето здружение кое според него немало врска, беше прозван и Орце Николов како мој соработник. Бев навредувана пред 60-тина мои колеги и имав лични закани. Беа покажувани мои фотографии од безбедносната камера на неговиот телефон што е кривично дело а, се шпекулира дека истиот ја има инсталирано на неговиот телефон за да, ги контролира вработените и врз кој може да изврши притисок. Исто така бев лажно обвинета дека, случајот со бременоста на нашата ученичка произлегол во јавноста од мене.
По наставничкиот совет не се чувствував добро, мојот сопруг ме однесе на болница од каде извадив лекарско за мојата состојба и сум на боледување.”
По ваквиот развој на настаните стапивме во контакт со оштетената професорка по што, таа за нашиот портал изјави дека ваквата јавна објава на директорот ја смета за навлегување во нејзината приватност. Фактот што директорот, макар индиректно го споменува нејзиниот прв брак ја навредува неа, но и ги повредува нејзините деца.
Во појаснувањето кое таа го даде за ситуацијата, оштетената професорка, за нашиот портал соопштува дека
Станува збор за притисок, омаловажување и навреди кои се случиле на наставнички совет пред 60-тина други наставници.
Професорката напомена дека во јавниот линч и омаловажувања упатени кон неа, злоупотребени биле службените камери на училиштето, и дека фотографии од нејзиното движење во училиштето биле прикажувани пред присутните преку телефонот на директорот.
По ваквиот епилог, оштетената наставничка потенцираше дека заради одбрана на своите права и нарушен професионален углед ќе се обрати до соодветните институции во државата.
Со осуда за случајот, во јавноста реагираа и од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани. Во соопштението на ОК на партијата надлежните институции се повикауваат на реакција.
Реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани ја пренесуваме во продолжение:
“Од ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кочани го осудуваме вербалниот напад врз наставничка вработена во училиште во Општината.
Во текст кој денеска се објави на локалните портали а е потпишан директорот на основно училиште “Раде Кратовче” јавно, пред очите на јавноста, се врши психичко вознемирување на работно место, се повредува достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработениот во училиштето и предизвикува чувство на страв и создава непријатност, пониженост.
Бараме од надлежните поголема заштита на вработените во училиштата и бараме заострување на казнената политика на секој оној што ќе се обиде да нападне или омаловажи вработен во образовна установа.
Особено најостро ги осудуваме нападите на наставниците и јавното понижување во текстови во кои е потпишана цела институција!
Вработените во наставата, извршуваат една од најхуманите професии, и никако не смееме да дозволиме да бидат изложени на јавно понижување од одговорните .
Заради мобинг и заради неовластено користење на видео надзор, бараме од ДПИ и МВР соодветно да постапат, а од градоначалникот Николчо Илијев бараме веднаш да реагира и да го разреши директорот додека трае постапката.
#КОЛЕктивноПОНИЖУВАЊЕ“
Нашата редакција вчера утрото преку службениот е-маил на училиштето се обратија и до директорот на ООУ “Раде Кратовче” – Кочани. До моментот на објавување на оваа вест, не добивме одговор од директорот.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање волонтери во Министерство за дигитална трансформација
Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето
Тошковски: МВР формира нова Единица за сајбер безбедност која ќе биде клучен столб за дигиталниот суверенитет на институцијата