На својот фејсбук профил Професорката Билјана Ванковска објави интересен статос со кој ги повика сите нејзини пријатели и следбеници на социјалната мрежа да престанат да кукаат и плачат и да почнат да спроведуваат активности за бојкотирање на закажаниот референдум за промена на Уставот и Името на Република Македонија.
Од овој момент, кога пред очите на јавноста, распишаа референдум спротивно на Уставот, објавувам дека мојот ФБ профил не е Ѕид на плачот! Сите што сакаат да кукаат, плачат, жалат дека ќе наместеле резултат и слично – тоа нека си го прават дома! Овде гласи едно мото: БОЈКОТИРАМ! И кураж! Нема да им помине! Суверен е НАРОДОТ, ние сме оние од кои извира власта, затоа ТИЕ што се избрани од нас немаат право да не’ консултираат на незадолжителен референдум. Нашата волја е политичка волја и обврзува правно!
-напиша професорката Ванковска.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026
Мециновиќ порача дека назначувањето на вмровецот Ацо Ристов за претседател на РКЕ ќе го оспори пред Енергетската заедница
Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието