БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Промоција на книгата “По дождот” на Раде Шербеџија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Скопската читателска публика ќе има ретка можност да присуствува на промоцијата на книгата “По дождот” на актерот, музичарот, поетот, боемот Раде Шербеџија.

Настанот за промоција на неговата последна книга ќе се случи во клуб-ресторанот во Младинскиот културен центар во Скопје во среда 26.02.2020 година со почеток во 19.00 часот.

Промотор на книгата на Раде Шербеџија ќе биде Македонскиот писател и професор Венко Андоновски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжение го пренесуваме соопштението упатено до јавноста од страна на организаторите на настанот:

“Големиот боем е повторно кај нас на гости. Ја сака Македонија како свој дом, вели дека овде го чекаат негови драги луѓе. Препознатлив е по широката насмевка, харизмата и добро познатите шешири.

Од Бриони и Лос Анџелес до Скопје во „Чамо“… Едниот и единствен – актерот и писател Раде Шербеџија!

Причината поради која ни доаѓа во Скопје е промоцијата на неговата последна книга „По дождот“. Познавајќи ја неговата богата кариера и вредностите што ги носи за балканската култура, очекуваме да ни ја пренесе својата жаркост и искуствата што му се случувале токму откако стана мегапопуларен во улогата на Александар во филмот „Пред дождот“ на нашиот режисер Милчо Манчевски. Како култна икона на југословенскиот простор, овој заводлив и контроверзен актер и раскажувач ја пишува својата книга со леснотија, впуштајќи се во најтивката а најгласна борба на вечното патување, на чувството дека животот се прелева низ границите за кои не постојат пасоши…

Промоцијата ќе се одржи во Клуб-ресторан МКЦ, на 26 февруари, со почеток од 19 часот. Промотор ќе биде истакнатиот македонски писател и колумнист Венко Андоновски.”

Креирано од:


Пренеси го гласот