БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Промовиран Прирачник за родители на надарени и талентирани деца

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Професорот Љупчо Кеверески од Педагошкиот факултет во Битола изработи Прирачник за родители на надарени и талентирани деца – значајна литература што нуди практични насоки и совети за препознавање, поттикнување и развој на потенцијалите кај децата.

Содржините во прирачникот можат да бидат од голема корист за родителите во нивната секојдневна поддршка на напредните вештини, знаења и интереси на своите деца. Упатувам искрена благодарност до професорот Кеверески за овој придонес и ги охрабрувам родителите да го прочитаат и да ги применат препораките што ги содржи.

Воедно, потсетувам дека Министерството за образование и наука предводи процес на подготовка на Национална концепција за откривање, развој и поддршка на надареноста и талентите во Македонија. Во документот ќе бидат предвидени конкретни мерки за навремена детекција, развој и стимулација на извонредноста кај учениците. Во процесот активно се вклучени повеќе институции и експерти, така што сигурна сум дека ќе добиеме квалитетен документ кој за прв пат системски ќе ја уреди оваа област.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-соопштение упатено до јавноста од страна на Министерката за образование и наука Весна Јаневска

Креирано од:


Пренеси го гласот