БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Протест против канцерогено општество во сабота 13:00 пред Собрание

Пренеси го гласот

❌ ☢МРТВО ОПШТЕСТВО, НЕ!!!☢❌

Од целата земјина топка, нашите плуќи го дишат најзагадениот воздух во светот.🌏😷

Зарем мислите дека заслужуваме и зарем мислите дека сме имуни???

Еден од најголемите причинители за рана смрт е дишење неквалитетен воздух.
Јавни дебати околу квалитетот на воздухот во Македонија скоро и да нема.
Резултатите на политичарите и надлежните институции се видливи за секој од нас.
Ајде да покажеме дека не сме Фејсбук револуционери и да се избориме за основното човеково право за здрава и чиста животна средина.

Сите заедно да покажеме дека никој не смее да си игра со нашето здравје и да докажеме дека знаеме како сограѓани да се избориме за почиста иднина

•Веднаш бараме свикување на итна владина седница поради алармантната состојба со квалитетот на воздухот во нашата земја.
• Бараме итно вклучување на експерти(Доктори, Еколози, Еко-активисти и сите кои реално би помогнале за подобрување на состојбата).
• Бараме владата да ги употреби сите потребни средства за справување со овој проблем.
• Бараме вклучување на претставници од граѓанскиот сектор во надлежните контроли за големите загадувачи.
• Како главно барање, владата и институциите да престанат со така наречени решениа кој дирекно удираат по џебот на најсиромашните а крупните капиталисти и најголемите загадувачи остануваат недопрени.
На сите нас е во Сабота да ги дополниме или подобриме нашите заеднички барања се со цел за најдобро и најбрзо решение за воздухот.

📣ДРУГАРИ И ДРУГАРКИ ДА НЕ СЕ МОЛИМЕ, СИТЕ ЗНАЕМЕ ШТО ДИШЕМЕ
ВРЕМЕ Е ДА ДЕЈСТВУВАМЕ❗❗❗

➡️САБОТА 13:00
📍ПРЕД СОБРАНИЕ, МИРЕН ПРОТЕСТ⬅️

Креирано од:


Пренеси го гласот