БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Прв пат Македонски политичар известува за состојбата во друга држава

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во својство на известувач на Мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа е во неколкудневна работна посета на Босна и Херцеговина каде што треба да поднесе извештај за состојбите и напредокот на државата во поглед на демократските процеси.

“ЗА ПРВ ПАТ МАКЕДОНЕЦ ОЦЕНУВА ДРУГА ДРЖАВА, ДЕНОВИВЕ СУМ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ВО МОНИТОРИНГ МИСИЈА ПО КОЈА ЌЕ НАПИШАМ ИЗВЕШТАЈ ЗА СОВЕТ НА ЕВРОПА

Деновиве во функција на известител определен од Мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, учествувам во мисија за утврдување на фактите во Босна и Херцеговина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ова е првпат член на македонската Делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа во функција на известител да учествува во мониторинг мисија и да известува за напредокот на друга држава.

По посетата ќе изготвиме извештај за напредокот на државата, кој прво ќе биде претставен пред членовите на Мониторинг комисијата, а потоа, заедно со препораките за идните чекори прво ќе биде предмет на дебата на пленарна седница, а потоа ќе следи гласање за текстот, кој ќе ја претставува заедничката позиција на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Претпладне средби со Кристијан Шмит – Висок претставник за Босна и Херцеговина, Давор Буноза – Министер за правда и Валерија Галиќ – Претседател на Усттавниот суд на Босна и Херцеговина.”

-напиша Александар Николоски- Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Македонскиот парламент и пратеник од Македонија на парламентарното собрание на Советот на Европа.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace