БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево му го честитаа Светскиот ден на туризмот на Градоначалникот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со своја објава на социјалните мрежи денеска од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ му го честитаа Светскиот ден на туризмот на делчевскиот градоначалник Горан Трајковски.

“Денеска е Светски ден на туризмот‼️

За сите делчевчани кои што работат во областа на туризмот во некоја странска земја посакуваме многу здравје и среќа и желба почесто или за стално да се вратат да работат во Делчево, за што како политичка партија напорно ќе работиме во периодот кој следува, а особено по превземањето на власта од рацете на СДСМ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За оние малку останати работници во десеткуваниот туризам во Делчево им посакуваме истрајност до моментот на пад на актуелната ненародна власт, по што заеднички ќе работиме на подобрување на состојбите во областа на туризмот во Делчево.

На Градоначалникот Горан Трајковски му го честитаме денешниот Светски ден на туризмот и поголема посветеност да реализира барем една нова поголема инвестиција од областа на туризмот во Делчево до крајот на неговиот досега неуспешен мандат.”

-напишаа на фејсбук од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево заено со неколку пригодни фотографии од градоначалникот.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace