84 годишна жена од Белград е прва жртва од западнонилска треска во Србија оваа година.
Од Институтот за јавно здравје информираат дека жената била хроничен пациент но нема информации каде е заразена. Уште два случаи се регистрирани во земјата со западнонилска треска, велат од српскиот институт за јавно здравје.
До средината на месецов во земјите од ЕУ евидентирани се 68 заболени со западнонислка треска, најмногу или 48 има во Грција, во Романија 8, на Кипар 5, во Италија 3, во Унгарија 2 и по еден случај во Бугарија и Франција.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!