БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Првиот заменик-претседател на Владата на РСМ, Беким Сали учествува на Самитот на верските заедници на Балканот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија, Беким Сали, денеска учествуваше на 10-тиот Самит на верските лидери од земјите на Балканот, кој се одржа во Скопје.

Самитот беше организиран по покана на Реис-ул-улемата, Шаќир еф. Фетаху, при што беа собрани претставници на верските заедници од различни земји од регионот.

Во своето обраќање, Сали истакна дека присуството на учесниците од различни земји претставува доказ за заедничка волја за дијалог, меѓусебно разбирање и соработка.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Тој нагласи дека настанот добива посебна тежина поради фактот што се одржува во Скопје, град во кој верскиот, етничкиот и културниот диверзитет бил и останува една од темелните вредности.

Според него, доколку Балканот би се опишал во минијатура, тогаш Скопје и Сараево се двата града што најверно го претставуваат овој реалитет.

Како скопјанец и како претставник на Владата на Република Северна Македонија, тој им посака добредојде на учесниците и им посака успешна работа за време на самитот.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace