Радмила Шеќеринска како носител на кандидатската листа за пратеници во петтата изборна единица од редовите на СДСМ и Коалицијата “Можеме” вреши јавна злоупотреба на државни ресурси платени од парите на сите граѓани во фунција на нејзината предизборна кампања.
Таа во текот на вчерашниот ден (петок 26.06.2020 година) на својата фејсбук страница сподели фотографии и текст кои што однесуваат на нејзина посета на општина Демир Хисар со кои што врши пропаганда и се обидува да прибави ефтини политички поени за себе и својата политичка партија за да го добие гласот на граѓаните на претстојните предвремени парламентарни избори.
“Општина Демир Хисар купи четири нови возила кои ќе се користат за превоз на ученици во три училишта. Дополнително со грант од 4 милиони денари набави инспекциско и противпожарно возило. Само во Демир Хисар во овој тежок период на корона криза, нашата Влада обезбеди директна финансиска помош на 59 фирми, а преку платежните картички поддржавме над 1400 граѓани. Ова се пари кои влегуваат во семејните и буџетите на фирмите. На овој начин ги враќаме парите кај граѓаните и даваме шанса за општински развој во Демир Хисар и демирхисарско.
#Можеме“
-стои во нејзиниот текст објавен во работно време во 13.41 часот.
Ширењето на пропаганда во која се злоупотребуваат државни ресурси во функција на политичката кампања на партијата на власт е дело казниво согласно изборниот законик. Поради долготрајното политичко искуство кое што со себе го носи Радмила Шеќеринска повеќе од 20 години, слаба е веројатноста ваквата постапка таа да ја спроведува како резултат на превид. Што од друга страна поголема е веројатноста дека во редовите на СДСМ владее општа паника поради слабиот предизборен рејтинг на нибвните кандидати кои што на ваков противзаконски начин по секоја цена се обидуваат да дојдат до гласот на граѓаните.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена