На синоќешното интервју на програмата на Канал 5 телевизија Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во одговор на новинароско прашање потврди дека поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев бил повикан во полициска станица на информативен разговор во присуство на неговиот адвокат. Од страна на инспектори од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал се извршени разговори а информациите кои што Ден Дончев ги соопштил за време на разговорот ќе бидат доставени до Јавното обвинителство за понатамошно постапување.
“❗ Во денешното интервју на Канал 5 дадов одговор на прашањата поврзани со денешното повикување во полициска станица на поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев.
✅ На покана на Министерството за внатрешни работи тој денес бил во полициската станица Карпош каде од страна на инспектори од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал се извршени разговори. Податоците и информациите кој тој ги изнел за време на разговорот ќе бидат доставени во форма на известување до ОЈО и понатамошното постапување ќе зависи од насоките кои ќе бидат дадени од нивна страна.”
-соопшти Наќе Чулев во врска со овој правно-кривичен настан.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Локален базар во Делчево: празник на традицијата, креативноста и локалниот дух.
„Шате Керамика“ одбележа 31 година – од семејна приказна до бренд што обликува ентериери
dm и „Мама круг“ приредија Make-up & Glow Brunch – топло женско претпладне со кафе, нега и разговори