Со 61 глас „за“ и еден воздржан Собранието го ратификува договорот со Бугарија. Воздржан гласаше независниот пратеник Ферид Мухиќ, кој рече дека гласал воздражно бидејќи, според него, Македонија во договорот прави отстапки и дека договорот, како што рече, не е симетричен во однос на двете држави. Со ратификувањето договорот стапува во сила веднаш.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше во Собранието. Од таму договорот го оценија како штетен за националните интереси на Македонија.
Договорот за добрососедство, пријателство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија, кој се подготвуваше неколку години, премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов го потпишаа во Скопје на 1 август минатата година. Договорот беше ратификуван во Собранието на Бугарија во ноември минатата година.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026
Мециновиќ порача дека назначувањето на вмровецот Ацо Ристов за претседател на РКЕ ќе го оспори пред Енергетската заедница
Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието