Откако беше прозван од страна на Портпаролот на СДСМ, Игор Дурловски му возврати на Костадин Костадинов на свој карактеристичен начин, со што направи директна споредба низ фотографии.

Во продолжение истовремено ја пренесуваме и пораката која Дурловски му ја упати на Костадинов:
“Го слушам Костадин денеска на прес конференција и не знам како може гласноговорникот на партијата која ја приватизираше Македонија, партијата на Заеви, кои вртат милиони, а земаат државна помош како да се зависни од неа, партијата на Анѓушев, со милионскиот бизнис, Шекеринска со десетиците станови, и многу други од нивен калибар, како зборува за имоти. Еве збор два и за тоа.
Земјиштето кое што јас со уште 5 други лица го имам купено е пасиште, земја од 6 та категорија. Не се работи за плац во струмичката касарна чија цена достигнува и до неколку стотици илјади евра, ниту станува збор за погон со марихуана. Тоа земјиште е со вкупна вредност од не повеќе од 15 илјади евра. Мојот дел во него е 1/6. И за разлика од тебе и твоите наредбодавци парите за истото ги имам стекнато на чесен начин со работа, труд и дваесетгодишно живеење и претставување на Македонија насекаде низ светот.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ана Симонова: ОЦЕНКАТА НЕ СЕ НАСЛЕДУВА. ЗНАЕЊЕТО СЕ СТЕКНУВА
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Ијан Мекјуан и кожата на маса