Неколку дена пред крајот на учебната година, еден професор по македонски јазик замолил ученик да научи нешто основно за да има како да добие двојка.
Ученикот дрско одговорил дека не му треба македонски јазик и дека тој ќе учи италијански за да може да работи во Италија…
Во една случка и две реченици е опишана состојбата во Македонија.
Прво: Младите не се воспитани да ги почитуваат и негуваат македонскиот јазик, македонската култура…
Второ: Образованието е на ниво кога наместо ученикот да бара да одговара за да добие прелазна оцена, професорот го моли да одговара и да научи некои основни работи.
Реално половина, ако не и повеќе, од младите пишуваат “незнам” наместо “не знам”, “нее” наместо “не е”…
Има еден куп вакви примери.
Иднината ни зависи од полуописменета младина…
Трето: Не гледајќи можност за егзистенција во Македонија, децата уште од училишни клупи бараат начин да ја напуштат државата.
Секако ова се е во главата на вмровците и завидлистите кои немаат способност да видат дека во државава, на секое поле, цветаат рози..
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
“Сите на купче”
Прашуваат “Кој е следен”? -Па, Франкенштајн!
Како да зачуваме еден Македонец повеќе во државата?