-Зад решетката на мрежницата, чекајќи ја Зората да изгрее-
Мириса
болот на црвените усни,
а крваво лисје
жолто од срам молчи!
Сонувам за ново утро
за мисла што шушка
под босите нозе
на мојата Судбина.
Од пепелта сива
на муграта симбол,
алабастер во тишината
прецртува лице
на мртва жена.
Болот се шири
во море од крици
крадејќи мисли
од проколнато срце.
Сонот ја кине
сината мрежница,
додека солената солза,
тивко, тресејќи се,
ПЛАЧЕ!
Пишува: Гоце Марков

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Последниот пишувач на љубовни писма
Алекс Букарски: Последното сонце на михољско лето
Алекс Букарски: Час