БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

РАЗВИВАЊЕ НА СИСТЕМИ ЗА ТОПЛИФИКАЦИЈА КАКО ДЕЛ ОД ПРОГРАМАТА ЗА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Затоплување на домовите – квалитетно, поевтино, еколошки поповолно!

Преку реализацијата на топлификациски проекти во кои како погонско гориво се јавува природниот гас, ќе се добие поевтина топлинска енергија за затоплување на домаќинствата, јавните објекти и индустријата. За да се подобри заштитата на животната средина, а да се постигнат повисоки стандарди за живот и поголем комфор на граѓаните при снабдување со топлинска енергија за греење на домовите, во следните четири години ќе ги реализираме следните проекти:

Изградба на систем за топлификација на Битола, Могила и Новаци со снабдување со топлинска енергија од РЕК Битола

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Проширување на топлификациската мрежа во Скопје

Изработка на студија за поврзување на дистрибутивните топлификациони системи на БЕГ, Подружница Енергетика и Скопје Север

Инсталирање на вреловодни котли во подружница енергетика во Скопје

Топлификација на Делчево и Македонска Каменица после изградбата на конегеративната централа Исток.

Со реализацијата на овие мерки ќе обезбедиме намалување на загадувањето на животната средина со штетни и канцерогени материи. Во исто време, граѓаните ќе имаат можност да користат поевтина енергија за загревање на домовите, со највисок комфор на живеење.

Втората цел и придобивка е намалување на користењето на дрвото како основно средство за греење, при што се елиминира емисијата на штетни матери создадени при согорувањето. Уште поважно е намалување на немилосрдното, непланско и диво сечење на шумите, со што се намачува можноста за еродирање на почвата и создавање на услови за поплави.

Ќе ја ОБНОВИМЕ нашата Македонија!

Заокружи 14!

Комисија за енергетика на ВМРО – ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот