БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Реакција на Миле Лефков на пресот на Гоце Серафимов

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

До нашата редакција пристигна реакција на Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков од Кочани во однос на прес конференцијата на Гоце Серафимовски.

Интегрален текст на писмената реакција на Лефков во продолжение:

“Во постоењето и ефикасното работење на ЦЈЗ се крие успехот на сите земји кои успешно се справуваат со пандемијата, таму се крие успехот на Словенија на Хрватска на Србија …

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Искрено мислев дека директорот на ЦЈЗ ќе покаже повеќе умешност и повеќе знаење во борба со пандемијата, ама за жал се покажа дека партиските кадри на СДС потфрлија секаде а можеби најмногу кај нас во Кочани.

За жал, од работата на Гоце Серафимов видовме само директор на ЦЈЗ кој е спремен да ја води изгубената битка за власт на СДС со лични напади кон оние кои ги гледа како закана за функцијата. Нема дополнително да Ви реплицирам во делот во кој редите “епитети” за мене, вие сте претседател на владеачка партија кој во свој прес се обраќа кон сограѓанин на таков начин, нека ви служи на чест. Не дадовте одговор на прашањата, дали ќе се тестирате а сте напишале дека сте држеле состаноци?

Дали имавте состанок со директорите? Зошто одбивате да се тестирате, дали неколку теста нема да ја смират јавноста која знае дека сте одржувале состаноци? Сомнително до таа мера што ниту еден личен напад нема да Ве спаси од одговорноста! Ништо не слушнавме од Вас само обвинувања за опозицијата, и на крај се обидувате невешто да ми се заканите со кривична пријава.

Јавно Ве повикувам да поднесете кривична пријава ама овојпат потпишете се на пријавата и нека го има вашето име и презиме и потпис а не да да биде потпишана “од група загрижени граѓани”…

Поднеси, директоре ама во Кривичниот законик на Република Македонија, лажното пријавување е предвидено како кривично дело за кои се предвидени ригорозни казни, а со цел избегнување на злоупотреба и изигрување на правосудството. Согласно член 366 став 1: ,,Тој што ќе пријави друг дека сторил кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност, а знае дека не е сторител, ќе се казни со затвор од три месеци до три години“. Или и ти ќе бидеш “подносител” како Заев…

Очигледно е дека партиската функција е пред професионалната, а тоа е причината што Македонија денеска се наоѓа онаму каде што е-на дното.

А за вашето (не)работење допрва ќе одговарате!”

Креирано од:


Пренеси го гласот