Во врска со квалификациите упатени кон јавноста како и неодговорените прашања од интерес на граѓаните, од вчерашниот настан за промоција на Сашко Николов како кандидат за градоначалник на СДСЛ за Штип, своја реакција до јавноста доставија од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип:
“ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип, во прилог ви доставува реакција за промоцијата за Градоначалник на СДСМ во Штип, за престојните Локални избори:
Вчерашната промоција на кандидат за градоначалник на СДСМ во Штип беше малтене, комична!
На истата, клучните присутни актери, Сашко Николов, Благој Бочварски и Венко Филипче, заборавија да споменат дека во изминативе 4 години, Штип НЕ доби:
Жичара на Исарот, гасификација, брана на р. Отиња, Спортско рекреативен центар, затворен базен, градинка во Караорман, спортска сала во Три Чешми, две надземни гаражи, дисперзирана општина во нас. Сењак, Клиничка болница, Студентски дом и еден куп други лаги кои беа изнесени, за да ги изманипулираат штипјани.
Штип овие години доби САМО отпуштени работници, повеќе иселени сограѓани, највисока стапка на смртност во Македонија, а погоре наведените добија повисоки позиции, неколку згради во централното градско подрачје и големи провизии од нелегалните зделки од личен интерес!”
-реагираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи