БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубовта е преубава (Многу ми е премалку)- нова песна и видео спот на Игор Џамбазов

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Актерот, шоуменот, музичарот а сега и до уши вљубениот Игор Џамбазов буквално не се срами кога го рефлектира личниот живот и интимните чувства кон целокупната македонска и светска јавност… Па зошто и би се срамел!?

Човекот изгледа до уши вљубен а тоа го прикажува на најубав можен начин преку песна, родена од неговото срце, најразиграна и најмилозвучна што може да биде.

Тоа што новата песна насовена како “Love is so Good (многу ми е премалку…)” на Игор Џамбазов има призвук на серенада, долева само “бензин” во оганот кој го обзема природниот амбиент на дива и недопрена природа рефлектирана во видео изданието, му дава на овој визуелно-музички пејсаж чувство на едноставна припадност и посебност.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Романтичарскиот дух на “стариот волк” Игор кој и не изгледа толку возрасен во овој видео запис е жив пример дека романтиката никогаш не е демоде и го вади од ракавот неговиот најголем адут- топлината на изразот, зборовите, креацијата…

Убав и незаборавен гест на бунтовникот на генерациите- минати, сегашни и идни, по повод денешниот празник кога Македонија прославува 30 годин и независност, да се навратиме на оние работи кои што навистина ни се важни во животот.

Уживајте!

Креирано од:


Пренеси го гласот