Почитувани сограѓани!
Она. што го ветивме мораме да го исполниме.
Со задоволство можам да споделам со Вас дека е започната постапка за реализација на низа проекти кој според планот за јавни набавки ќе завршат овој и почетокот на месец март 2024 година :
– Реконструкција на ул.,,Орце Николов “
– Реконструкција на ул.,,11 Мак.Бригада”
– Реконструкција на ул ,,Партизанска”-крак 1
– Реконструкција на ул.,, Партизанска “-крак2
– Реконструкција на ул.,,Поглед”-крак 2
– Реконструкција на ул.,,Поглед “-крак 2
– Реконструкција на ул.,,Питу Гули”
– Реконструкција на ул.Питу Гули”во Лозов Расадник
– Реконструкција на ул.,, Маршал Тито “
– Реконструкција на ул.,,Македонска” во неколку улици на истата
– Реконструкција на дел од ул.,,Карпошева”
– Реконструкција на потегот паркинг позади Домот на културата
– Реконструкција на улица ,,Вера Циривири “
– Изградба на ул.”6 ” во с.Ерџелија
– Поставување на тротоари со бекатон во населба Бел Камен
– Довршување со уредување на речно корито”
– Изградба на мост и асфалтирање на улицата во индустриска зона ,,Мало Стопанство”
– Изградба на балон сала во училишниот двор на гимназијата
– Довршување на канализацијата во село Мустафино.
Во пролетниот дел од годината ќе бидат распишани тендери за :
– Изградба на улица во село Горобинци
– Изградба на улица во село Г.Црнилиште
– Реконструкција на улица ,,Васка Циклева”
– Реконструкција на ракометно , одбојкарско и кошаркарско игралиште во земјоделското училиште
– Тампонирање на улици во селата Амзабегово, Пеширово ,Кадрифаково и сите други помали села во нашата општина
– Крпење на ударни дупки во градот и селата.
Доколку се решат некои имотно правни работи ќе следува и изградба на ул.,,Живко Чинго”…
Доколку биде се во ред во координација со министерството за животна средина треба да се започне постапка за изградба на канализација во селата Кадрифаково,Кнежје и Сопот – овој процес не зависи директно од нашата општина .
Паралелно со овие поголеми проекти ќе има и набавка на лулашки, клупи и кантички за отпад онаму каде што не се поставија, чистење на речно корито, континуирани новини во сите училишта и градинката како и разубавување на парковите во градот.
Убедени сме дека конечно ќе биде пуштена и новата градинка во село Ерџелија .
Паралелно изготвуваме нови проекти бидејќи без нив не може ништо да се реализира.
2024 година ќе биде исполнета со многу новини кои ќе значат подобри услови за живот на сите граѓани на општина Свети Николе.
Секогаш се може и повеќе и затоа секогаш ќе стојам за секоја критика од Вас , бидејќи Вие сте ми водилка во моето работење.
Никогаш не сум зборувал во прво лице еднина така да без тимот вработен во локалната самоуправа и локалните институции , како и Советниците во Советот на општина Свети Николе ова не би било можно да се реализира.
Кој чесно работи и греши , така да ја користам приликата да се извинам на сите мои сограѓани на кои сум ненамерно грешил во текот на мојата работа.
Продолжуваме понатаму….
-соопштение на Дејан Владев- Градоначалник на општина Свети Николе.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Европска недела на мобилност – дебата за сообраќајните предизвици во Кочани
Програма за 33. Издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024
Одржана традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ во Кочани