БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Регистрирана новата политичка партија “Родина”

Пренеси го гласот

До нашата редакција пристигна соопштение од прес центарот на “Родина” нова политичка партија во Република Македонија.

Истото го пренесуваме во целост во продолжение:

“Браќа и сестри Македонци!

Честито да е регистрацијата на единствената
суверенистичка опција на Македонскот Народ, РОДИНА МАКЕДОНИЈА!

Ова е плод на огромната поддршка на целиот народ кој ја препозна единствената можна визија, стратегија и програма за опстанок и процут на секоја нација и поединец во овие глобални премрежја низ кои живееме!
Регистрацијата на политичкиот субјект, кој е иднината на Македонија, е резултат на вашата огромна поддршка на социјалните мрежи, пополнување основачки изјави, огромната поддршка во директните контакти насекаде низ градовите, населбите и селата на нашата прекрасна Македонија каде што
сме излегле.

Родина Македонија е вашиот дом ако, како и иницијаторите и основачите, сте ги проѕреле и препознале лажните категории и лажниот избор меѓу леви/десни, нелегитимна власт/квазиопозиција во корумпираниов систем, а
кои всушност се една и иста корумпирана “елита” и водат една и иста политика диригирана однадвор и во корист на туѓи интереси а не во интерес на Македонскиот Народ.

Ве повикуваме да си дојдете дома во Родина Македонија, сите вас кои свесно или потсвесно го препознавате духот на времето и борбата за душата и иднината на човештвото помеѓу глобалофашистите и суверенистите,
во која ние Македонците сме дел и која заедно со сите слободољубиви народи на светот ќе ја добиеме. Затоа што не сакаме никому зло, туку се бориме за основните човечки и национални права и достоинства, и затоа
што ние сме на страна на правдата, правдината, моралот и човечноста.

Родина Македонија е партија на сите вас и затоа вклучете се во следната фаза на нејзиниот раст во најсилен политички субјект во Македонија кој ја формулира и претставува суверенистичката платформата на сега од
никого непретставените Македонски Народ и Македонци, на кои корумпираниот систем едноставно им плукна в лице. Вклучете се како член, како подржувач, како гласач, но и како член на Комисиите и Работните
Тела, и член на Општинските Комитети на Родина Македонија (следете ја страницата и пријавувајте се на огласите кои ќе следуваат).
Сега е време во духот на најдобрите Македонски традиции, да се собереме
сите Македонци кои ќе ја оцртаат иднината и ќе ја водат Македонија и Македонскиот народ со цврста, умешна, мудра рака низ страшниве глобални премрежа до слободата и поправеден и подобар свет.
Родина Македонија има визија, стратегија, способност, енергија, непоткупливост, и жар да се бори за возобновување на Македонската
државност и враќање на Република Македонија во служба на Македонскиот
Народ, и тоа ќе го постигне, дали утре, задутре или за година две, три, едно е јасно, ние нема да скршнеме од патот ниту некогаш да се умориме од борбата за нашата прекрасна Македонија и за секој поединец и секое
семејство во неа, и ќе ја водиме до конечна победа.

Македонија Вечна!

Прес центар – РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Креирано од:


Пренеси го гласот