БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип

Пренеси го гласот

Некогаш култниот рок фестивал за кој што цела година однапред Македонските рок бендови се подготвуваа да настапат, после цели 16 години повторно ќе се одржи на повеќенаменското игралиште во градскиот парк во Пробиштип.

Оваа година како и претходните изданија кои станаа своевидни легенди на сега веќе подостарените генерации, фестивалот Рудар Рок Фест ќе се одржи во чест на рударите во општината кои што со својата макотрпна и опасна работа во рудничките окна вадат корка леб за себе и своите семејства.

За првпат Рудар Рок Фест се одржа во 1997 година и егзистираше со подеми и падови во наредните 9 години.

Со одржувањето на Рудар Рок Фест во минатото се поврзани огромен број на преубави спомени на тогш младите од истокот кои што беа идолопоклоници на Рок музиката и андерграунд културата.

За време на одржувањето на Рудар Рок Фестивалот буквално во Пробиштип не можеше да се најде слободно место да се приседне на јавен простор. Градскиот парк беше претворен во епицентар на младите и субкултурата која што во тие бурни времиња берше своевидно бегство од реалноста на тое млади генерации и борба за една подобра иднина.

Рудср Рок Фест 2022 година ќе се одржи на 26.08.2022 година во предвечерие на големиот христијански празник Голем Богородица која што е заштитнчка на рударите.

Од организацијата на фестивалот се надеваат дека преку ова издание некогаш традиционалниот музички фестивал единствен од ваков вид на истокот во државата повторно ќе заживее во годините што доаѓаат.

На ова издание за реинкарнација на култниот фестивал честа да настапат им припадна на пет Македонски Рок бендови кои што во голема мера се рбетот на модерната македонска рок музика: – Крпен Живот – Последен удар – Eruption – Station : Innermost – Conspiracy

“РУДАР – РОК ФЕСТ 2022

bregalnickimarketing

Со оглед на препознатливоста на нашиот град преку рударството, хард-рок музиката е културен и уметнички израз преку кој на најавтентичен начин може да олицетвори оваа тешка дејност. Рударската професија ја карактеризира јаката човечка волја која доаѓа во костец со карпестото сивило. Во тој напор на рударот и во таа спрега со тоа сивило се претопуваат вредните метал-и и не-метал-и. Строгоста, тежината и сериозноста на оваа дејност создава длабока и силна човечка егзистенција. Рударот е опкружен со тврдите и високи тонови произведени од железните машини и тешките алати кои му се придружник во рудниците. Звуците создадени од судирот помеѓу чудовишните машини како движењето на лифтот, пискотниците на вагоните низ шините, бушењето на бургиите во карпата, наоѓаат свој креативен израз во соло изведбите на гитарата. Ударите на чеканот, протокот на рудата низ шутовите, бучноста од движењето на скреперите, сето ова произведува ритмови за бас. Татнежите од експлозиите и грмливиот пад на рудата се предмет за обработка на звук за тапани.
ДА, ТВРДИОТ РОК е најдобар начин, уметнички, да се изрази атмосферата на РУДАРСКАТА професија. Затоа нѝ е потребен РУДАР-РОК ФЕСТ.

КОГА? КАДЕ?
26-08-2022 ПОВЕЌЕ НАМЕНСКО ИГРАЛИШТЕ
ГРАДСКИ ПАРК – ПРОБИШТИП

Преку оваа страна со особено задоволство сакаме да ви го најавиме и претставиме овогодишното издание на Рудар-Рок Фест 2022. Се работи за рок фестивал кој што успеавме да го реинкарнираме повторно после повеќе од 16 години (со исклучок во една година, 2010-та). Фестивалот настана и за прв пат се оддржа во далечната 97 години. Во првите неколку години успешно се оддржуваше и во тоа време постоеше некоја надеж дека ќе заживее како традиционален рок фестивал на град Пробиштип.
На РУДАР-РОК ФЕСТ 2022 ќе настапат неколку бендови од Македонија претставници на хард-рок музиката:
– Крпен Живот
– Последен удар
– Eruption
– Station : Innermost
– Conspiracy”

-стои во соопштението на организаторите на овогодинешниот Рудар Рок Фест.

Креирано од:


Пренеси го гласот