Граѓанската иницијатива за формирање на политичката партија “Родина” во рамки на своите активности за претставување на својата политичка платформа, во јавноста излегоа со нова револуционерна и досега неслушната понуда во однос на дел од нивните економски мерки кои ги предлагаат.
Станува збор за акцент на болното прашање по однос на надворешниот долг на Република Македонија кој што досегашните власти во различни периоди од владеењето го експлоатираат на различни начини.
Од Родина експлицитно се залагаат дека:
Родина ќе го Отпише Долгот кон Меѓународните Банкари Даден на Корумпираните Елити за Нивно Лично Богатење!
Глобалните комерцијални банки кои даваа кредити на корумпираните политички елити за да завршат во приватни џебови во исто време кога сами ги оценуваа како корумпирани по нивните меѓународни стандардни индикатори (Светска Банка, ММФ итн) нека се ги бараат сега долговите назад токму од тие корумпирани елити. Родина нема да дозволи вашето лично корумпирано богатење да го плаќаме ние, нашите деца, внуци и правнуци!
Според анализите на Родина корумпираните политички елити исцицуваат 1.4 Милијарди Долари годишно од Македонската Економија и намерно ја носат во неизбежен финансиски и економски колапс и банкрот кој и е планиран од страна на глобалистите и нивните марионети со цел да покажат, еве не можеме ние сами да се владееме, ќе ги дадеме сите природни и човечки богатства и ќе станеме протекторат и вечни робови.
РОДИНА МАКЕДОНИЈА нема тоа да го дозволи! Ако е нивната цел да ја одведат Македонија во намерен банкрот за ефтина распродажба на се што е вредно во нашата земја и татковина, ќе им го расипеме планот со отпишување на долговите и одбрана на се што е Македонско јавно добро, благо и ресурси!
-соопштуваат од Родина меѓу другото.

Целата дискусија по однос на ова прашање може да го прочитате на нивниот веб сајт тука.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Малолетно девојче физичко нападнато во Кочани
Тошковски: Велигден да ни биде поттик и инспирација да ги задржиме во себе хуманоста и добрината во борбата за егзистенција како луѓе и како нација
Претседателката и Премиерот од Македонскиот Ерусалим- вечниот Охрид ја дочекаа радосната вест за Воскресението Христово и вечниот живот