СИТЕ ДАСКАЛИ ВО ЗАТВОР ЗА ДА ЈА СНЕМА КОРУПЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА
Германската амбасадорка во Македонија, сугерира, претпоставувам со многу сериозен и заканувачки глас, учениците да не им подаруваат цвеќе на своите учители, на крајот на школската година кога ги добиваат оценките.
Подареното цвеќе ќе ги корумпира учителите (за наредната школска година).
Таа заклучила дека македонските учители се морално и материјално толку бедни, што еден букет цвеќе е доволен да ги корумпира.
Размислувањето на припадник на земја чии војници ги стрелаа учениците и нивните учители на Балканот, не изненадува.
Тоа што изненадува е, кога амбасадорите, триесетина години толерираа, поддржуваа и инсталираа криминалци на власт и во бизнисот, што очекуваа, дека криминалците ќе се трансформираат во личности со морални вредности?
.

*На фотографијата е јадрото на корупцијата во Македонија, првачињата, нивните родители и нивните учители.
-интегрален текст на реакција упатена во јавност пеку социјалните мрежи на Проф. Горазд Росоклија

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене