БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во Македонија постои незаконско прислушкување и следење на неистомисленици на власта и тоа ќе влезе во извештајот на Советот на Европа

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска со свое видео обраќање од Парламентарното собрание на соетот на Европа потретседателот на ВМРО-ДПМЕ Александар Николоски соопшти дека ги алармирал европратениците на парламентарното собрание на ова највисоко политичко тело во Европа за постоењето на незаконско следење на комуникациите т.е. прислушкивање и физичко следење од страна на власта во Македонија на политички неистомисленици.

“Во рамки на Советот на Европа се одржува комисија за правни прашања и човекови права. Една од главните теми е злоупотребата на системите за преслушување како и нелегалното физичко следење. Се зборува за злоупотребата на преслушувањето со цел нелегално следење на политички активисти, опозициони лидери, новинари, активисти на невладини организации и сите оние кои што властите сметаат дека се закана за нивна тоталитарно власт.”

-соопшти на почетокот од своето обрќање кон јавноста Николоски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Николоски истакна дека на сесијата потенцирал дека ваква злоупотреба има и во Македонија од страна на власта на СДС, додавајќи дека веќе подолг временски период високото раководство на ВМРО-ДПМНЕ е под физичко следење како и следење на комуникациите.

Она што го напоменав во рамки на сесијата е дека ваква злоупотреба има и во Македонија. Веќе подолг временски период раководството на ВМРО-ДПМНЕ е под физичко следење, а исто така и под следење на комуникациите. За ова неколку пати алармиравме во јавноста, но не се преземени соодветни чекори, додаде тој.

Целото обраќање на Алесандар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ може да г погледете во видеото во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace