БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Рудолф Штајнер и неговите 10 животни заповеди

Пренеси го гласот

Животот не е само рози, туку често се боцнување и на трњето. Животот е една возбудлива приказна , убава но и тешка, со висини но и падови. Најважно е да се бориме , да не се откажуваме , и да уживаме во сите убавини и да ги надминуваме сите предизвици.

Австрискиот филозоф ни ги открива неговите 10 животни заповеди со кои нѐ поучува многу за науката и духовноста.

1. Секој човек има скриени способности за постојано лично и духовно усовршување.

2. Бидете скромни и развијте го во себе чувството на длабоко и искрено почитување на вистината, природата и вселената.

3. Воздржувајте се од критикувањето, осудувањето на другите луѓе и оговарањето. 4. Секојдневно медитирајте, дури и по само 5 минути.

5. Смирено и без предрасуди, набљудувајте ја природата повеќе со срцето отколку со умот.

6. Бидете свесни дека за секој чекор напред, мора да направите 3 назад.

7. Трудете се да бидете смирени, достоинствени, храбри и одлучни.

8. Трудете се вашиот живот да биде складен.

9. Развијте во себе чувство на скромна припадност на човечкиот род, природата и универзумот.

10. Повремено застанете и направете ревизија на сѐ што ви се случило во минатиот период.

Креирано од:


Пренеси го гласот