Како дел од предвидените програмските активности, КЈП “Водовод” Кочани во соработка со Општина Кочани и локалната самоуправа, деновиве врши санација и реконструкција на повеќе оштетени капаци на шахти на коловозните ленти во Кочани и населените места.
Во рамките на своите предвидени работни активности изминатата седмица КЈП “Водовод” Кочани продолжи со санирање на оштетени шахти на улицата “Теодосија Паунов” во Кочани.
Во следниот период ќе бидат извршени санации и реконструкции и на други оштетени капаци на шахти на коловозните ленти и сливни решетки во Кочани и околните места
Поради се позачестените кражби и оштетувања на метални капаци на шахти, апелираме до нашите сограѓани да се однесуваат одговорно и да не ја загрозуваат безбедноста на другите со кражби или оштетување на металните шахти.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево