БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Санела Шкриељ: Ги слушаме барањата на студентите

Пренеси го гласот

Студентите се најпрогресивната сила како во секоја држава така и во нашата и токму оваа Влада предводена од СДСМ покажа дека се грижи за потребите на студентите, разговара со нив и како резултат на тој дијалог во изминатите неколку години значително ги унапредивме правата на студентите а воведовме и некои нови.

Да не заборавиме дека во изминативе години за скоро дупло го зголемивме износот на стипендиите, воведовме нови категории на стипендии, воведовме и нови стипендии за средно стручно образование. Студентите не беа изоставени ниту од пакетите за антикризни мерки се со цел да се излезе во насока на унапредување на студентскиот стандард.

Да не заборавиме исто така дека субвенционираниот студентски оброк е нешто што токму оваа Влада предводена од СДСМ го воведе, ова право не постоеше порано. Континуирано ги слушаме нивните барања, бараме начини како да се подобтри имплементацијата на ова право. Неколку измени направивме во делот на имплементации изминатите неколку години се со цел да се унапреди правото. Го зголемивме износот, го зголемивме бројот на денови кога се прима субвенциониран студентски оброк од понеделник до сабота.

Така ќе биде и со последните барања, секогаш ги поддржуваме студентите да се гласни да се борбени во своите барања, во своите заложби за унапредување на студентскиот стандард. Како и претходно така и сега, се што е во насока на подобрување и подобра грижа за студентите ние како СДСМ ќе поддржиме.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот