На 02.10.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 28 прекршоци, од кои 18 во населено место и 10 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Истиот ден во времето од 14.00 до 19.00 часот на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола за прекршоци за непрописно престигнување. Од извршената контрола биле констатирани 9 прекршоци и на сите прекршители им биле изготвени соодветни поднесоци. Санкционирани биле и 21 други видови на прекршоци, од кои 9 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 2 за управување под дејство на алкохол, 1 за недавање првенство на минување на пешаци, 4 за некористење сигурносен појас, 2 за користење мобилен телефон и 1 за некористење заштитна кацига.
Извор: МВР

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа