Денеска на јавната расправа во Комисијата за здравство при Собранието на Македонија, за негативните ефекти од пушењето врз децата и младите, истакнав дека:
Македонија е во тутунска/никотинска криза!
слична на опиумската криза или фентанилската криза во САД!
Никотинот создава силна психолошка зависност (слична на хероинот), а само ~5% од пушачите успеваат да се откажат самостојно.
Стапката на пушење кај возрасни е над 45% (мажи >46%, жени ~27%), далеку над просекот на Југоисточна Европа (37,6%), ЕУ (18-24%) и глобалниот (22%). Половина од пушачите консумираат повеќе од 20 цигари дневно!
Во Македонија годишно околу 4.000 луѓе умираат од болести поврзани со пушење – пропорционално огромен товар за нашава земја!
Децата и младите се најголеми жртви ![]()
7 од 10 пушачи почнуваат пред 18 години
На младите им се нудат никотински производи (е-цигари, загреан тутун) како „помалку штетни“ – без ограничувања! Ова создава нова генерација зависници!
Да живееме здрави, а не болни! ![]()
Сè подолго живееме, но со нездрав стил: без физичка активност, со пушење, алкохол и лоша исхрана. Нема здравствен систем што може да го издржи ова!
Просечниот пушач троши повеќе на цигари отколку на здравствено осигурување. Просечни пушач пуши 275 кутии цигари годишно, што чини над 600 евра годишно, и тоа е повеќе од просечните 420 евра за здравствено осигурување годишно.
На расправата говореа претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за здравство Азир Алиу, претседателката на Комисијата Рашела Мизрахи и многу други.
Време е за акција!![]()
![]()
#СтопНаПушењето#ТутунскаКриза#ЗдраваМакедонија

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово