На социјалните мрежи официјалниот профил на СДСМ Делчево објави видео од дрон на кое се гледа локацијата каде што се реализира проектот за изградба на регулација на река Габровчица финансиран со пари од Владата на Република Македонија предводена од Премиерот Христијан Мицкоски.
За ваквата постапка на СДСМ Делчево што претставува злоупотреба на државни ресурси во предизборни партиски цели со цел да влијаат кај граѓаните на Длечево за да дојдат до глас повеќе соочен со катастрофалниот рејтинг во Делчево, реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево:
“СДСМ Делчево денеска се фали по социјалните мрежи со проекти кои се реализираат со пари од Владата на Република Македонија предводена од Премиерот Христијан Мицкоски.
Без никаде тоа да го кажат и објават…
Тоа се тие надри политичари кои со измама си истераа два мандати во своите недопирливи фотељи во забарикадираната општина Делчево која е затворена за обичниот народ.
Епа “другари” доста ви беше!
Иде време за народна општина Делчево, со одговорност за се што сте направиле а за што не сте информирале во јавност…
ПС: Дали со срце го сакавте Делчево кога ја соголивте планината Средна и ги заборавивте поплавените домови на делчевчани????”
-напишаа од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во Етнокуќата во Кочани – изложба на рачни изработки со ткаење
44 годишна жена од Берово нападнала своја сограѓанка во нејзиниот дом
Тројца жители на с. Црник, пехчевско со трактор се обиделе да прегазат двајца вработени во шумското подрачно стопанство “Равна Река”