Во текот на вчерашниот ден актуелните власти не пропуштја да се сликаат покрај ископаната дупка која што треба да претставува почеток на изградбата на системот за топлификација за општините Битола, Могила и Новаци кој ќе користи топлинска енергија од РЕК Битола.
За овој чин преку социјалните мрежи своја реакција упати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој го пофали овој напредок на актуелните власти и покрај доцнењето од 4 години за реализација ан истиот.

“Топлификација на Битола, Могила и Новаци.
⁃ Склучен е договор за заем со KfW банка.
⁃ На 19.6.2017 објавен е тендер…
⁃ На 31.7.2017 пристигнати се понуди…
За разлика од СДСМ јас нема да критикувам кога нешто се гради и да велам дека е тоа проект на ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, ќе го пофалам почетокот на изградбата на системот за топлификација на Битола, Могила и Новаци, кој ќе користи топлинска енергија од РЕК Битола, проект на кој макотрпно се работеше уште од времето кога управував со ЕЛЕМ. Жалам што повеќе од четири години овој проект беше во фиока, а досега требаше да биде изграден. Доаѓаат подобри времиња, доаѓа новата иднина.”
-соопшти Христијан Мицккоски преку социјалните мрежи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во Скопје ќе се одржи првиот Филозофски фестивал за средношколци во Македонија
Кривична пријава за затворски полицаец, затекнат е при продажба на дрога додека бил на работа
Уметноста на Марина Убавкова пред делчевската публика: Движењето во просторот како база за интерактивен комплот на артистот, галеријата, публиката и општествената манифестација на реалноста