На прес конференција од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство денеска дополнителниот заменик Министер Цветан Трипуновски обзнани повеќе информации во јавноста со кои според него се укажува на обиди за поткуп на земјоделци во предизборниот период од страна на Министерот Трајан Димков од редовите на СДСМ.
Трипуновски ги обзнанува во јавност информациите дека кон крајот на минатата година Министерот Димков побарал само 20 милиони евра за покривање на заостанатите долгови од претходни години, за само после неколку денови да побара пренамена на средства, со што се додаваат нови 40 милиони евра.
Целосната прес конференција на Цветан Трипуновски ја пренесуваме во продолжение:
“СДСМ прави поткуп на земјоделците со нивни пари кои не им ги исплаќаше до сега. Ова ја фрла најтемната дамка на изборниот процес и претставува брутална навреда на честа и достоинството на Македонскиот земјоделец. СДСМ преку Трајан Димковски сака да ги поткупи земјоделците со 60 милиони евра, со пари на земјоделците кои ги следуваат согласно закон, а не им биле исплатени изминативе три години. Алармиравме и посочувавме дека има дупка во платежната агенција од 100 милиони евра, субвенции, кои им ги должи оваа власт на земјоделците за годините 2017,2018 и 2019 година. Власта негираше и лажеше. Трајан Димковски и СДСМ велеа дека нема неисплатени субвенции, кога земјоделци излегуваа пред камера и кажуваа дека не им се исплатени субвенциите ги обвинуваа за лажење. Кога посочував дека десетици милиони евра за изминатите 2017,2018 и 2019 година не им се исплатени на земјоделците, негираа.
Со моето влегување во МЗШВ и откривањето на криминалите на Љупчо Николовски и Трајан Димковски, се исплашија и побрзаа да направат измена на програмата и сите сретства планирани во програмата за 2020 ги пренаменуваат во ставката заостанати обврски од предходни години и со тоа ја оставаат програмата празна без сретства за исплата односно за сите мерки за растително и сточарството ги оставаат со по 1000 денари.
На 28 декември, владата на предлог на Министерот Трајан Димковски донела Програма за финансиска поддршка во земјоделството со која за 2020 година испланирала само 20 милиони евра (документ во прилог) за покривање на заостанатите долгови од претходни години.
Меѓутоа на 10 јануари 2020 година Трајан Димковски, со барање за измени во Програмата од владата побарува пренамена на средства, со што се додаваат нови 40 милиони евра. Првин ја манипулираа целата јавност дека само 20 милиони евра се заостанати обврски и неисплатени субвенции, за да по 14 дена сами се негираат и уфрлуваат дополнителни 40 милиони евра.
Љупчо Николовски и Трајан Димковски не исплаќаа три години, ниту ќе исплатеа сега. Исплатата која ја прават е со цел предизборен поткуп со 60 милиони евра, пари кои земјоделците ги следуваат согласно закон, тоа се нивни пари, тоа не се пари ниту на Трајан, ниту на Љупчо, ниту на Заев.
СДСМ продолжува да ги лаже земјоделците. Оваа власт има неисплатени субвенции во износ од 100 милиони евра.
Им порачуваме на земјоделците да не подлегнуваат на притисоците и обидите за поткуп. Никој не смее да си поигрува со нивни пари, тоа се пари кои ги следуваат и кои ќе си ги земат согласно закон. Дополнително по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ по 12 април ќе извршиме исплата на сите застанати субвенции, кои што СДСМ тоа не го направи.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА: „Лајон Трајлерс“ промовираше најлесна европска полуприколка за транспорт на опасни материи
Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
Средба на Јавниот обвинител Савески со директорката на ОТА Јаническа