По упатеното соопштение од страна на владеачката СДСМ во јавност, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ упатија своја реакција со која ги разобличуваат наводите од седиштето на СДСМ.
Во продолжение во целост ја пренесуваме раакцијата на ВМРО-ДПМНЕ:
“СДСМ шири лажни вести. Ветија помош за сите фирми, а сега наводната помош ја искористија само 100 тина компании.
Никој не аплицира за таканаречените антикризни мерки на СДСМ затоа што се крајно неповолни и не нудат реална помош.
СДСМ шири лажни вести и кога вели дека лекарите имаат заштитна опрема, а тие се оставени голораки и сами ја купуваат заштитната опрема, затоа и бројот на заболени лекари и медицински сестри е скоро 17% од вкупниот број на заразени.
СДСМ од почетокот на кризата шири лажни вести. Првин велеа дека има пати во буџетот, па дека дупката е 600 милиони, па 1.2 милијарди, за на крај самиот Заев да излезе и да каже дека би се задолжил и 2 милијарди.
Кај СДСМ имаме само лаги и манипулации на штета на народот.”
-соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар