БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: СЕЛЕКТИВНАТА ГРИЖА Е…

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Убаво и добро е што Уранија Пировска, првиот човек на помалку чудната организација Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, го осуди однесувањето на полицијата при приведувањето на момчето, кое своето куче го прошетал стотина метри подалеку од дозволениот простор за шетање на домашните миленичиња. Меѓутоа, не чув/прочитав нејзина реакција, уште помалку одлучна осуда, за злоупотребата на младите и сѐ уште во развој душички, какви се душичките на дечињата. Таква осуда е дотолку попотребна, бидејќи невиноста (дечињата, по дефиниција, претставуваат симбол на невиноста) е ставена во улога да пропагира и да љуби милитаристичка алијанса – НАТО. Исто така, глас на осуда не чув/прочитав ниту од Првата детска амбасада „Меѓаши“, чиј Извршен директот е Драги Змијанац, ниту глас на осуда чув/прочитав од Младинскиот образовен форум (МОФ), чиј доскорашен прв човек беше Марјан Забрчанец. Таква осуда (досега) не чув/прочитав од ниту една НВО во Македонија. Ако се работи за заборавност и ненавремено реагирање, тогаш тоа е, во најмала рака, неодговорно. Ако се работи за селективна грижа, тогаш тоа е н е г р и ж а.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace