БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СДСМ Штип се пофали со 3700 m2 асфалт, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за манипулација на граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од Општинската организација на СДСМ од Штип со видео обраќање се пофалија во јавност за работата која ја вршат локалните власти во населбата Караорман во градот.

На површина од 3700 метри квадратни ќе се постави нов асфалтен слој и жителите на
населба Караорман ќе имаат непречен пристап до своите домови.
Само со оваа инвестиција во Караорман се вложуваат 80.000 евра, од кои излобиравме
50.000 евра од Агенција за финансиска поддршка и рурален развој, а останатите 30.000 евра се од Општина Штип.
Се бориме и работиме за Штип!

-соопштија од ОО на СДСМ во Штип.

Во продолжение го пренесуваме видео обраќањето:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace
https://www.facebook.com/180922932270199/videos/1641246616011175/

На ова соопштение реагираа од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ дека од СДСМ попусто се обидуваат да ги изманипулираат граѓаните во населбата кои секојдневно газат кал

Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Штип во однос на видео изјавата погоре:

1000 метри асфалт е еднакво на еден километар,

3700 метри квадратни асфалт е еднакво на 1200 метри улици во Караорман.

Но, дури и да кажевте во милиметри, немаше да можете да се сокриете позади калта која ја газат жителите на оваа приградска населба. Со претворањето во милиметри и метри квадратни нема да успеете да ги изманипулирате граѓаните, оти секојдневно се сведоци на вашето неработење и неспособност. Градот тоне во комунални проблеми, дупки, ѓубре…а времето поминува. Одвај правите по еден проект годишно, затоа не мора да се фалите со истиот. Граѓаните знаат кој градеше, кој го уреди Штип и ги урбанизираше калливите улици во секое маало во градот. За дебелината на асфалтот и времетраењето на изведбата ќе дискутираме понатаму, оти вашето темпо на реализација го гледаме насекаде околу нас.

-реагираа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace