Сѐ почесто може да се чуе мислењето на некои македонски политички ликови дека народот не чинел, дека бил фрустриран и хистеричен. Меѓутоа, забораваат (свесно или несвесно?) дека луѓето прво треба да имаат храна, пијалак, облека, покрив над главата и уште понешто, па дури потоа можат да се бават со т.н. убави, фини нешта, како што се образованието, уметноста, политиката, литературата – воопшто, со сѐ она што влегува во сферата на духовното. Првата претпоставка за ова е да имаат работа, бидејќи без работа нема живот. Тоа значи дека без работа нема ни храна, ни пијалак, ни облека, ни живеалиште. Во Македонија, сѐ повеќе, нема работа и луѓето се приморани да се најдат на улица во потрага по храна, облека итн. Едноставно, општествената и политичката беда создаваат сеопшта беда. Потоа, најдрско се тврди дека народот не чинел.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска со своја објава ја одбележа 34 годишнината од монетарната самостојност на Македонија
СДСМ: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го праша народот – референдум за рудникот за антимон!
Петрушевски: Филипче на кој дома му е во Дубаи, не може да збори за патриотизам и државни интереси, дополнително само и штети на евроинтеграцијата на Македонија