БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СДСМ ударно место во својата програма посветува на убавиот живот на пензионерите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во соопштение упатено до јавноста СДСМ истакнува една од своите најзначајни мерки кои што ги има вклучено во својата програма за наредните 4 години.

Во Соопштението СДСМ ги истакнува придобивките кои што оваа партија од позиција на власт ги овозможи за пензионерите да имаат убав живот во изминатите години владеење со институциите во државата. Притоа СДСМ истакнува дека во наредните 4 години доколку победи СДСМ на изборите просечната пензија во државата ќе достигне 500 евра,

“СДСМ има јасен, конкретен и издржан план за европска иднина преточен во новата изборна програма, во чиј фокус се граѓаните, повисок животен стандард, европски плати и пензии.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Просечната пензија во 2028 година ќе достигне 500 евра, или 30.000 денари, а минималната пензија ќе биде 20.000 денари.

Дополнително се предвидува мерка- новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата, како и пензионерска картичка за пазарење прехранбени производи со попуст од 30%.

Во изминатиот период СДСМ покажа и докажа дека ги исполнува ветувањата, дека работи за достоинствен живот за пензионерите.

Со воспоставената методологија за усогласување со растот на просечната плата и со стапката на инфлација пензиите контнинуирано растат.

Просечната пензија порасна за 30%, а минималната за 50%.”

-стои во соопштението на СДСМ упатено до јавноста.

Минатите години за пензионерите во државата беше еден од најтешкиот период, за што за првпат во историјата на Македонија пензионерите беа принудени со протести да си ги бараат своите права, поради глувоста на владеачката гарнитура за нивните барања.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace