БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кандидатката на Левица Билјана Ванковска заговара повторно отварање на Уставот и укинување на Рамковниот Договор

Пренеси го гласот

Во неодамнешно свое интервју на Канал 5 ТВ Билјана Ванковска како кандидат за претседател на државата поддржана од политичката партија Левица го истакна својот став за потребата од повторно отварање на Уставот.

Таа својата аргументација ја темели на свои научни трудови кои што содржат аргументи за штетноста од Рамковниот договор чии што одредби се втемелени во постојниот Устав на државата.

“Практичната теориската критика (на Рамковниот Договор) е издржана, проверена 20 години. И ова сега натегање со балансерот е врвот на она што е држава, на она што е администрација по принцип на заслуги напредување итн.”

-рече Ванковска во рамки на дискусијата за штетноста на Рамковниот Договор.

На коментар од водителот на интервјуто дека оваа правична застапеност следува од Рамковниот Договор, професорката Ванковска рече:

-“Да и тоа е вметнато во уставот. Лекот кој би бил? НОВ УСТАВ”

-истакна кандидатката за претседател поддршана од Левица Билјана Ванковска.

Овој дел од интервуто на Ванковска е пренесено и на фејсбук страницата на политичката партија Левица:

bregalnickimarketing

Во своја извршна наредба пред извесно време Претседателот на САД упати јасна порака за потребата за почитување на Рамковниот Договор од 2011 година со кој што беше ставен крај на вооружениот конфликт кој што донесе терор во Македонското општество со многу човечки и материјални жртви. Ваквиот став на Ванковска оди директно наспроти оваа извршна наредба што може да води до дестабилизација на државата.

Се уште се свежи сеќавањата од војанта во 2001 година кај голем број граѓани на државата, така што поигрувањето со ваква аргументација во јавноста во пресрет на претседателските избори е крајно опасна пракса имајки го предвид мултиетничкиот карактер на државата.

Дополнително на Македонската јавност Билјана Ванковска е позната по нејзиниот активизам во т.н. Професорски пленум чие што делување беше вовед во т.н. Шарена Револуција која доведе до целосно подривање на институциите на државата и погубна реалност која денес ја преживуваат голем број на Македонски граѓани.

Креирано од:


Пренеси го гласот