Професорката Гордана Силјановска Давкова на посебна прес конференција го промовираше слоганот на својата кампања како кандидат за претседател на Република Македонија поддржана од здружениот опозициски блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонија повторно горда!“ е слоган кој што ја симболизира борбата за трансформација на целокупното Македонско општество кон подобра иднина на граѓаните.
Таа во своето обраќање на прес конференцијата накратко направи сублимат за актуелните поразителни состојби во кои се наоѓа државата, како и нејзините мотиви за да се подобрат состојбите.
Главен лајт мотив меѓу останатите за Гордана Силјановска Давкова е дека ЕУ не е дестинација туку дека ЕУ е Македонија.
Исто така претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и здружениот опозициски блок го претстави дел од својот тим кој што ќе работи со нејзе во кампањата, притоа напомнувајки дека овој тим постојано се зголемува со многу нови луѓе интелектуалци кои се придржуваат на нејзината борба за да ја порази политиката на послушност и сервилност на туѓи интереси.
Целото обраќање на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова може да го погледнете во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Миџкалис Рохас се сретна со невладини организации за да го презентира Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
Обвинение за организација на борби со кучиња
Лишена од слобода радовишанка поради лажна дојава за бомба во училиште во Радовиш, поднесена е кривична пријава