На сите верници кои чествуваат според Грегоријанскиот календар им го честитам големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.
Пожелувам добро здравје, мир, семејна хармонија, лична и колективна благосостојба.
На овој голем христијански празник, кога се слави победатата над неправдата, на раѓањето на новиот почеток, остануваме силно посветени на духовните вредности што нè движат напред.
Преку меѓусебно почитување и разбирање да продолжиме да ги градиме вредностите на мир, соработка и толеранција. Само на тој начин, заеднички ќе изградиме поубаво општество за сите граѓани.
Честит Велигден!
-стои во честитката на Професорката Гордана Силјановска Давкова упатена по повод католичкиот Велигден.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Д-р Башким Шабани со апел до населението: Еден донор може да спаси повеќе животи, тоа е чин на солидарност, емпатија и човечност
Обраќање на Премиерот Мицкоски на Советот на Германско-Македонската стопанска комора
Младите ја креираат зелената иднина – Божиновска ги додели признанијата на победниците на националниот натпревар за зелени иновации