БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Роковите газат! До 2 април да се достават кандидатските листи за пратеници од учесниците на изборите

Пренеси го гласот

Вчера на свечен настан опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги промовираше сите 120 кандидати за пратеници кои што ќе се најдат на кандидатските листи во сите 6 избирачки единици.

Шесте листи ги предводат Христијан Мицкоски во првата изборна единица, во втората на чело на кандидатската листа е Владо Мисајловски, во третата изборна единица листата ја предводи Драган Ковачки, во четвртата е потпретседателот на партијата Алаександар Николоски, во петата носител е Ѓорѓија Сајкоски, во шестата е пратеничката Дафина Стојаноска.

Н а листите е забележливо присуството на голем број од досегашните пратеници но исто така застапени се и нови лица претежно од партиската номенклатура на ВМРО-ДПМНЕ. На конвенцијата вчера беше истакнат слоганот на кампањата “Твоја Македонија” како и основните политички столбови околу кои што ќе се гради целокупната кампања.Реформата на државната администрација, особено во делот на судско-обвинителскиот систем кој што целосно потфрли во изминатиот период, како и економскиот развој ќе имаат доминантно место во програмата на оваа коалиција.

За денеска е најавена конвенција на СДСМ и нивните коалициски партнери кои што ќе ги промовираат целосните кандидатски листи за пратеници за изборите на 8 мај.

СДСМ својата кампања ја базира на продолжување на политиките кои што досега ги спроведуваа како и експлицитен ЕУ пат кој што подразбира промена на уставот за внесување на Бугарите во преамбулата. Кај СДСМ видлив е т.н. дуален пристап на носители на листи каде што Димитар Ковачевски и  претседателката на ЛДП Моника Зајкова ќе бидат коносители на листата во првата изборна единица, Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи во втората, Сања Лукаревска и Љупчо Николовски во третата, Венко Филипче и Јована Тренчевска во четвртата изборна единица, Претседателот на собранието Јован Митрески и Бисера Костадиновска Стојчевска во петата изборна единица и во шестата изборна единица ќе бидат коносители на листата од СДСМ Славјанка Петровска и Агрон Демири.

Исто така Движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски под слоганот За наша Македонија, денеска на прес-конференција ќе ги презентира кандидатските листи за пратеници.

На изборите свое учество ќе има и коалицијата Храбро за Македонија предводена од ГРОМ на Стевче Јакимовски, коалицијата Европскиот фронт предводена од ДУИ и коалицијата ВРЕДИ на албанската опозиција.

Левица како политичка партија самостојно ќе настапува на овие изборичии што носители на кандидатските листи се следните:

bregalnickimarketing

Димитар Апасиев ја предводи листата во првата изборна единица, во втората е партискиот портпарол Амар Мециновиќ, во третата изборна единица е досегашниот пратеник Борис Крмовски, во четвртата ќе биде Сашко Јанчев од Гевгелија, во петката на чело на листата на Левица ќе биде партискиот секретар Јован Мојсоска од Струга, во шестата на чело на листата е Игор Димески.

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ кон себе од синоќа го приклучи и крилото од Алијанса за Албанците на Зијадин Села.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети рече дека е потребна мирна кампања, а Европскиот фронт, според него, го има најголемиот човечки капитал којшто ќе ги води процесите напред заедно со Турците, Ромите, Бошњаците.

Роковите предвидени во Роковникот на ДИК говорат дека заклучно со 2 април сите учесници во изборите треба да ги достават кандидатските листи за пратеници до Државната изборна комисија.

Креирано од:


Пренеси го гласот