На конвенцијата за промоција на кандидатите за пратеници на СДСМ свое обраќање имаше претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски кој што е носител на кандидатската листа за пратеници во првата изборна единица.
Ние покажавме дека е можно да се има добар резултат, да се работи напорно за подобро утре. Дека е можно да има поголеми плати, пензии, повеќе пари кај граѓаните, дека е можно да има слобода и демократија, да има слобода на говор, дека е можно да живееме во земја која има сигурна, извесна и подобра, европска иднина – рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната промоција на новата „Програма за европска иднина“ и кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.
-Не само што е можно да се оствари ветување за просечна плата од 500 евра туку и да се надмине. 650 евра просечна плата е денешната реалност. За само кратки 6 години од 150 евра минимална плата, стигнавме до речиси 370 евра минимална плата. Вложивме 100 милиони евра со кои поддржавме 919 компании. Со оваа поддршка компаниите реализираа 500 милиони евра инвестиции. Со антикризните мерки ја оддржавме ликвидноста на компаниите, ги задржавме работните места, го заштитивме стандардот на граѓаните. Вкупно 2,6 милијарди евра преку антикризните пакети се вратија назад кај граѓаните и стопанството – истакна Ковачевски


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Нова лабораторија за работа во дрво на Факултетот за ликовни уметности – Скопје
Фетаи на Меѓународниот ден против корупцијата: „Интегритетот не е слоган; тој е основата врз која се гради довербата, се открива просперитетот и се обезбедува нашата заедничка европска иднина“
НУБ “Св. Климент Охридски” Скопје достојно го одбележа денешниот празник