БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СДСМ во Советот на општина Македонска Каменица ќе биде опозиција. Постигнат договор за пад на актуелната власт

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во Советот на општина Македонска Каменица СДСМ ќе биде опозиција во наредните 4 години. Ваков е исходот на постигнатиот договор на мнозинството советници во општинскиот совет по изборите на 17 октомври во кој што советниците на СДСМ ќе бидат малцинство.

Поддршката во општинскиот совет за идниот градоначалник на општина Македонска Каменица кој ќе биде избран во вториот изборен круг во недела на 31 октомври, е клучна за реализација на планираните проекти за граѓаните.

Во вториот круг изборната трка ќе ја трчаат актуелната градоначалничка Соња Стаменковска од СДСМ и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Димчо Атанасовски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста споделија своја информација во врска со ваквото окрупнување на мнозинството советници во општинскиот совет против СДСМ, при што повикаа на масовна излезеност во недела на граѓаните на Македонска Каменица:

“Почитувани граѓани на општина Македонска Каменица, драги пријатели,од денес е постигнат договор за мнозинството во советот на локалната самоуправа и тој го има ВМРО-ДПМНЕ Македонска Каменица заедно со идниот градоначалник на општината Димчо Атанасовски-Џими Затоа изборот во недела е едноставен

Излези и гласај

Создади Нова Иднина

Заокружи бр.✍7️⃣.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace