БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Со сила убавина не бидува: Левица- СДСМ ќе биде опозиција и во Советот на Град Скопје

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Интегрален текст на соопштението за јавност на политичката партија Левица во врска со групирањето на политичките сили во Советот на Град Скопје:

“ОФИЦИЈАЛНО: ДУИ И СДС ЈА ИЗГУБИЈА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВО ГЛАВНИОТ ГРАД – ПАРЛАМЕНТАРНАТА ОПОЗИЦИЈА ОБЕЗБЕДИ МНОЗИНСТВО ВО СОВЕТОТ НА СКОПЈЕ!

Ја известуваме јавноста дека досегашната парламентарна опозиција во македонското Собрание, преку своите освоени советници во Град Скопје на последните Локални избори 2021, обезбедија апсолутно мнозинство од 24 советници од вкупниот број на 45 советници во Советот на Град Скопје.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Новото градско мнозинство ќе функционира по принципот на конкретна соработка на точно одредени програмски проекти кои се во јавен интерес на народот и исклучиво за доброто на локалните жители и на месното население.

Со ова, обзнануваме дека актуелната владина коалиција на СДС и ДУИ ќе биде опозиција во градот Скопје! Следуваат многу подобри денови во раководењето со градот, во корист на сите жители на Скопје и на неговите општини.

Мнозинството советници во Советот на Град Скопје
(28 октомври 2021)”

Креирано од:


Пренеси го гласот