БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Се нема пари или се тера инает во ЈП Исар?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По завршувањето на вториот круг од локалните избори и по победата на Благој Бочварски во Штип на сметката на ЈП Исар осамнаа нула денари. Имено, информациите говорат дека на вработените во ЈП Исар им било соопштено дека платата за тековниот месец ќе доцни најмалку една недела бидејќи на сметката на претпријатието имало нула денари.

Причината за ваквата состојба како што пренесуваат засегнатите страни е поради тоа што ЈП Исар им исплаќал на своите должници па сега работниците ќе треба да чекаат да се соберат пари од граѓаните за да може да им биде исплатена плата.

Ова упатува на прашањето дали навистина во ЈП Исар снема пари или промената на власта во Штип доведе и до промена на инетот на директорот Ангел Бојаџиев. Дека повеќе се работи за инает одшто за тоа дека нема пари говори и фактот дека до пред само еден месец вработените во ЈП Исар редовно во законскиот рок земаа плата. Како ќе се разреши оваа ситуација и што навистина се случува останува да видиме а до тогаш 400 вработени во ЈП ќе живеат во надеж дека за брзо време ќе им биде исплатено за тоа што го сработиле.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace